Решивме да ја поканиме Владата во Скопје за преговори со алијансата, се вели во нацрт-заклучокот на НАТО
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Нацрт-заклучоците на самитот на НАТО предвидуваат дека Македонија денеска ќе добие покана за почеток на преговорите за членство во алијансата и зачленување по заокружување на сите внатрешни процедури.
„Во 2008 одлучивме дека НАТО ќе ѝ додели покана на ПЈРМ за влез во алијансата штом се изнајде заеднички прифатливо решение за името во рамките на ООН. Го поздравуваме историскиот договор помеѓу Атина и Скопје за решение на спорот за името. Во согласност со нашата политика решивме да ја поканиме Владата во Скопје да почне преговори со алијансата. Целосна примена на сите предвидени внатрешни процедури во однос на договорот за решение на спорот за името е услов за успешно заокружување на пристапниот процес“, стои во нацрт-заклучоците.
Заклучоците го поздравуваат и договорот со Бугарија.
„Ги поздравуваме напорите на Владата во последната година и значајниот напредок што е постигнат за одредени итни реформски приоритети и охрабруваме дополнителни реформи за да се зајакне придонесот кон алијансата. НАТО ги поздравува и напорите за градење мултиетничко општество и повикува на дополнителни напори во таа област. НАТО го поздравува и македонскиот придонес во мисиите и меѓународната безбедност“, се наведува во нацрт-заклучоците.
Со оглед на тоа што станува збор за нацрт-текст, треба да се има предвид дека финалната верзија би можела да претрпи одредени промени.
Извор: Макфакс