Ревизорите откриле пари без покритие на сметката на ВМРО-ДПМНЕ | Правдико

Правдико

   

Ревизорите откриле пари без покритие на сметката на ВМРО-ДПМНЕ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државниот завод за ревизија не ја добил потребната документација за утврдување на основата за исплата по извршениот увид во деловните книги на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на евиденција и искажувањето на сметководствените настани и трансакции.

„Искажани се побарувања за даден аванс во износ од 1 милион и 542 илјади денари, за кои на ревизијата не ѝ беше доставена поткрепувачка документација за утврдување на основата за исплата. Исто така, наведената состојба не е потврдена со извршениот попис за 2015 година“, пишува во ревизорскиот извештај за партијата ВМРО-ДПМНЕ. Ревизорите констатираат дека состојбите на сметката во оваа ставка не се во согласност со одредбите од Законот за сметководство на непрофитните организации.

Ревизорите во извештајот пишуваат и дека на сметката на ВМРО-ДПМНЕ за „ситен инвентар во употреба“ е пренесено салдо од минати години, без промени во состојбите во текот на 2015 година.

Откако го доставиле нацрт-извештајот до партијата, им била доставена пописна листа со предлог-мерки за натамошно постапување, потпишана од генералниот секретар Емил Димитриев, во кој пишува дека „станува збор за една трансакција“, која ревизорот ја имал на увид кога ја вршел ревизијата.

Истрагата „Талир“, која во понеделникот ја отвори Специјалното јавно обвинителство, се однесува на незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и, според СЈО, тоа е прва истрага што се однесува на „перење“ пари. Постои основано сомнение дека дел од осомничените незаконски стекнатите пари ги претставувале во регистарот на донации и како легални уплати биле користени за подмирување на обврските кои осомничените ги имале во партијата. Со средствата биле плаќани сметки, маркетинг-услуги, истражувања на јавни мислења, ресторански, хотелски услуги и купување недвижен имот.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико