Ревизорите со серија забелешки за јавните набавки во МВР | Правдико

Правдико

   

Ревизорите со серија забелешки за јавните набавки во МВР

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државните ревизори изразуваат резерва за договорите за јавни набавки за 2015 година во Министерството за внатрешни работи.

Ревозорите во извештајот наведуваат дека во три постапки за јавни набавки, одлуката е донесена во рок подолг од законскиот, потоа МВР не објавило известување за склучените договори до Електорнскиот систем на Бирото за јавни набавки, а се набавувале реагенси за сервисирање и одржување опрема со преговарање без објавување оглас, поради „ексклузивни права“. Договорите за надзор на изградба на полициските станици се склучени во мај 2015 година, иако изградбата почнала во јануари 2015 година.

При спроведување на постапката за набавка на флуоросцентни елеци, откако МВР добило негативен одговор од Советот за јавни набавки, ја променило тендерската документација. Ревизорите утврдиле и неправилности при набавката на гориво со вредносни електронски картички.

Тројца министри биле одговорни за периодот за кој се однесува ревизијата: Гордана Јанкуловска, Митко Чавков и Оливер Спасовски.

В. Маглешов

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико