РИА Новости: Македонија може за три месеци да влезе во НАТО | Правдико

Правдико

   

РИА Новости: Македонија може за три месеци да влезе во НАТО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руската новинска агенција РИА Новости неодамна публикува информација поврзана со нашата држава во која тврди дека влезот на Македонија во НАТО може да биде решен за три-четири месеци.

Оваа информација РИА ја темели врз изјава на неименуван европски дипломат, кој за агенцијата изјавил дека прашањето за влез на земјата во НАТО може да биде решено за неколку месеци.

– Преговорите драстично се забрзаа. Планираме да ги завршиме за три-четири месеци, што значи наесен – изјавил европски дипломат за руската агенција.

Во својот текст РИА потсетува дека и претходно истиот дипломат изјавувал дека Македонија може да стане членка на НАТО, и тоа до пролетта 2018 година, а во врска со тоа Скопје било подготвено на промена на името.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико