Рикер до Шекеринска: Храбрите чекори на Северна Македонија заслужија да бидат наградени веднаш | Правдико

Правдико

   

Рикер до Шекеринска: Храбрите чекори на Северна Македонија заслужија да бидат наградени веднаш

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во Братислава се сретна со помошникот државен секретар на САД, Филип Рикер и со сенаторот Рон Џонсон. Американскиот помошник државен секретар, Рикер, кој е добар познавач на Балканот и поранешен амбасадор на САД во нашата земја, ја потенцираше поддршката на САД на европската перспектива на нашата земја.

„Северна Македонија со своите решителни чекори и храбри решенија заслужи членство во НАТО и јасна европска перспектива“, рече Рикер и најави дека САД се активни во разговорите со европските сојузници околу потребата за позитивна реакција и од ЕУ на покажаниот успех. Рикер изрази надеж дека летово Северна Македонија ќе добие позитивен одговор од Европскиот совет, односно отворање на преговорите со ЕУ.

Сенаторот Џонсон ја поздрави и поддршката на граѓаните за храбрите чекори на Владата и најави дека очекува брзо и ефикасно заокружување на процесот за ратификација на протоколот за членство на Република Северна Македонија во американскиот сенат. Севкупниот процес на ратификација, рече тој, е на брза трака и очекуваме да се заврши успешно до крајот на годината.

Министерката Шекеринска се заблагодари за поддршката од САД како стратешки партнер на државата.

„НАТО навистина го одржа зборот. Имаме брз и ефикасен процес, ратификациите се одвиваат одлично. Се надевам дека Европската Унија ќе го следи овој пример и ќе ги почне преговорите. Членството во НАТО и почетокот на преговори со ЕУ беа главните мотиви за решенијата на проблемите кои стоеја на патот кон овие стратешки цели“, истакна минситерката.

Средбите со помошникот државен секретар Риклер и сенаторот Џонсон се одржаа на маргините на форумот ГЛОБСЕК во Словачка каде се дискутираше за иднината на ЕУ и НАТО.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико