Правдико

   

Рим: Состанок на Шефови на Полиција од земјите од Балканот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

rim1111Балканот како регион отсекогаш претставувал место низ кое транзитирале многу луѓе, како најкраток пат помеѓу Истокот и Западот. Во историјата скоро и да нема поголеми миграциски движења во овој дел од светот кои повеќе или помалку не го зафатиле и овој регион, истакна м-р Горанче Савовски, директор на БЈБ , во обраќањето на состанокот на шефовите на полициите од балканските земји, што се одржува од 14 до 16.12.2015 година во Рим во организација на Европол. Како што рече Савовски, ова се однесува и на Република Македонија, која со својата географска положба претставува неодминлив дел од рутите на ваквите движења.

Според директорот на БЈБ, и моменталната миграциска состојба и притисокот на мигрантите од Блискиот Исток, Арапските држави и Северна Африка токму преку Балканот да транзитираат до посакуваните дестинации не е изненадување.  Сепак, денес се соочуваме со масовен прилив на мигранти во размери какви што не се регистрирани во блиското минато и кој ги има сите предуслови да прерасне во вистинска криза. Токму затоа Република Македонија презема мерки за справување со кризата, од кои како клучни се издвојуваат Измените во Законот за азил и привремена заштита од јуни 2015 и Одлуката на Владата на РМ за кризна состојба на северната и јужната граница од август 2015 година, потенцираше директорот Савовски.

Директорот на БЈБ оствари и билатерална средба со Константинос Сувалас, заменик директор на грчката полиција. На средбата бил констатиран значителен напредок во соработката на двете полициски служби со можност таа да биде продлабочена особено на полето на мигрантската криза

Партнери на Правдико