Ристоска: Ќе поднесеме жалби неделава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска денеска по заминувањето од одложеното рочиште за случајот „Тврдина 2“ изјави дека во текот на неделата ќе поднесат жалби против одбиените барања за притвор што судот ги донесе изминатите денови во новите поднесени обвиненија од СЈО.
– Нашите законски права кои ги имаме во постапката се да вложуваме правни лекови и во текот на оваа недела зависно како истекува правото на жалбата ќе бидат поднесени жалби против решенијата и навремено ќе ве известиме – рече Ристоска.
Додаде дека кога ќе известат за жалбите ќе информираат и за причините поради кои се одбиени барањата. Обвинителката појасни дека „Тврдина“ и „Таргет“, кои при подготовка на обвинителниот акт се споија во едно обвинение се различни од „Тврдина 2“.
Дополнителни, во однос на денешното одложување на главната расправа за случајот „Тврдина 2“ рече дека се надеваат дека од септември ќе почнат судењата.
– Обвинетите имаат право на одбрана, со оглед што имаат нови адвокати, ние не можеме да го негираме тоа право, тоа е право што законски им следува – изјави Ристоска.
Извор: Макфакс