Ристоска: Телеком ни ги даде податоците – ќе бидат предмет на анализа | Правдико

Правдико

   

Ристоска: Телеком ни ги даде податоците – ќе бидат предмет на анализа

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Специјалното јавно обвинителство успеало да ги добие бараните податоци од Македонски телеком, откако во неколку наврати одржа средби со нивни претставници.

На новинарско прашање, обвинителката Ленче Ристоска посочи дека добиените податоци ќе бидат предмет на анализа. „Предмет на анализа ќе бидат податоците кои се обезбедени, ќе се види колку тие ќе бидат корисни, а резултатите дополнително ќе ги соопштиме“ – рече Ристоска.

Таа додаде дека очекува Врховниот суд да ја земе предвид праксата на Апелациониот суд применета во случајот „Шпион“ за начинот на прибавување на доказите, како и да се примени праксата на Европскиот суд за човекови права дека е важен јавниот интерес и дека не постои пречка незаконски стекнати докази да бидат дел од истрага. Ристоска најави дека СЈО ќе поднесе обвиненија во рокот, но пречка се одолговлекувањата на некои сведоци да дадат исказ.

Обвинителката Фетаи, пак, рече дека имаат нови наоди за предметот Сопот, кој Советот на јавни обвинители не сакаше да им го предаде.

„Дојдовме до заклучок дека исказот на сведокот Рамадан Бајрами е изнуден исказ за ‘Сопот’. МВР и службени лица извршиле кривично дело тортура, фактите ги наведува сведокот, но и дел од службените лица, му направиле последици по психичкото здравје. Таквите дејствија се застарени за да бидат гонети, кривичното дело застарело во 2008 година“, рече обвинителката Фатиме Фетаи.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико