Правдико

   

Ристоскa: Убедени сме дека ќе добиеме осудителна пресуда за „Тврдина 2“

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Спеицјалната јавна обвинителка, Ленче Ристоска, по завршувањето на денешното рочиште за случајот „Тврдина 2“, рече дека очекува судот да донесе осудителна пресуда. „Имаме цврсти материјални и вербални докази. Сите докази се во прилог на теоријата на обвинението, така што уверени сме дека обвинитите ќе добијат осудителна пресуда“, рече Ристоска.

Обвинителката посочи дека судот ги прифатил дополнетите докази кои ги достави СЈО до судот, од кои, како што рече, се гледа дека станува збор за предмет за незаконското следење на комуникациите. Одбраната побара да бидат изведени дел од списите кои се веќе уништени, и дека треба да бидат прибавени од други организациони единици од УБК и БЈБ, што за СЈО е неважно, бидејќи списите биле незаконски уништени. Ристоска рече дека иако одбраната тврди дека Грујевски и службеничките од УБК треба да се гонат прекршочно, според Законот за архивско работење, сепак, во предметот имаат сторено и кривични дела кои се гонат како казниви според Кривичниот законик.

В. М.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико