Ристовска: Дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО и на институцијата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристовска денеска апелираше за побрзо расчистување на случајот „Рекет“, но и почитување на начелото за презумцијата на невиност, откако вчера Јавното обвинителство ја објави истрагата за случајот во кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, а претходно Катица Јанева поднесе оставка. Во контекст на истрагата на Јанева потоа и беше одземен мобилниот телефон.
– Стоиме зад работата што досега е завршена, ве уверувам дека сите предмети по кои се постапува се професионално водени и не се загрозени постапките. Наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на СЈО и секогаш сме постапувале на ниво на задачата за справување со криминалот. Внимантелно го следиме сите случувања и сме подеднакво загрижени, но истовремено повикуваме да се почитува презумцијата на невиност. Сите ве уверувам дека дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО и не смее да ги доведат под прашање интегритетот и постапките кои се видени досега, истакна Ристовска на денешната прес конференција.
Посочи дека зборува во име на сите обвинители и целиот истражителски тим на СЈО. Ристовска не даде директни одговори на прашањата поврзани со Јанева, нагласувајќи дека има активна истрага и оти Обвинителството за организиран криминал и корупција е надлежно за овој случај.
-Изјавата на колешката Рускоска беше дека се уште нема имплицитни информации дека специјалната јавна обвинителка е опфатена со таа истрага. Дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствата на цела институција. Во неа работат и и обвинители и истажители со висок личен интегритет, рече Ристовска.
Ристовска не сакаше да одговри на прашањето дали некој обвинител од СЈО е викнат на информативен разговор, укажувајќи дека тоа е дел од истрагата на Обвинителството за организиран криминал.
Таа лично ниту денеска ниту вчера не се сретнала со Јанева, а за нејзината оставка обвинителите во СЈО дознале речиси истовремено кога била објавена во јавност.
Ристовска рече дека досега од Обвинителството за организиран криминал и корупција не ги контактирале и затоа е денешниот апел за отвореност на СЈО за се што е во врска со истрагата.
Обвинителката Лиле Стефанова која го водеше случајот „Империја“ кој се поврзува со вчерашната истрага за тргување со влијание, рече дека таа не потпишале ниедна одлука во врска со овој случај, бидејќи сподер Законот за СЈО сите одлуки ги носи и ги потпишува Катица Јанева како раководител.
-Според Законот за СЈО сите одлуки едиствено ги потпишува и ги носи Катица Јанева и кога е отсутна во нејзино име овластени јавни обвинители. Јас немам потпишано ниту една одлука, ниту за пуштање од притвор, ниту за враќање на патните исправи, рече Стефанова.
За тоа дали е издржан случајот „Империја“, Ристовска рече дека со тоа што е отворена истрага, значи дека имало доволно основи за сомневања за кривично дело. Таа рече дека истрагата се уште трае и дека вчерашната истрага на Обвинитеслтвото за организиран криминал нема никаков влијание врз овој случај на СЈО.
-Секој предмет е засебен и истрагата треба да продолжи. Доколку нема такви сознанија, предметот се затвора. Другата постапка нема импакт врз актуелната истрага, бидејќи се рабоити за различен тип на кривични дела, рече обвинителката Ристовска.
Ристовска во пресрет на најавената лидерска средба на која ќе се разговара и за законот за ЈО, ги повика сите политички партии да застанат во интерес на граѓаните и да овозможат ова обвинителство да ги спроведе сите истраги кои се во интерес на јавноста.
Извор: НоваТв