Ристовски тврди дека не се познава со дел од обвинетите за 27 април | Правдико

Правдико

   

Ристовски тврди дека не се познава со дел од обвинетите за 27 април

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Спиро Ристовски, поранешниот министер од Владата на ВМРО-ДПМНЕ на денешните воведни зборови пред судот, а во врска со обвинението дека е еден од организаторите на “крвавиот четврток” рече дека тој не се ни познава со дел од обвинетите.

„Никола Бошковски не го познавам воопшто. Никогаш немам искомуницирано. Со ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски сум имал само 2-3 службени средби, а и со Трајко Вељаноски средбите биле во домен на работата. Не ми е јасно како обвинителството може да верува дека сме направиле некаков план. Нека се извадат листинзи од последниве 10 години, да се види дека комуникацијата со овие луѓе ми била нула“, рече Ристовски.

Тој додаде дека никогаш не присуствувал на состанок или средба на кој се разговарало за упад во Собранието.

„Јас немав никакви службени овластувања. Ниту сум учествувал во организација ниту пак сум мобилизирал членство да тргне кон Скопје”, рече тој.

На обвинителна клупа за организација на настаните од 27 април се експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски како и ексдиректорот на УБК Владимир Атанасовски.

Тие се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а за бегалците – експремиерот Никола Груевски и Никола Бошковски од УБК постапката беше запрена до нивно пронаоѓање, бидејќи едниот избега во Унгарија, а другиот во Грција.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико