Рочиштето за „Таргет-Тврдина“ одложена поради Мијалков во Апелација | Правдико

Правдико

   

Рочиштето за „Таргет-Тврдина“ одложена поради Мијалков во Апелација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Денешното рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО е одложено, поради јавната седница во Апелацискиот суд во Скопје, на која ќе се одлучува за притворот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.Рочиштето е одложено за 3 април, по барање на одбраната на Мијалков.

Пред Судот денеска требаше да продолжи сведочењето на свиркачот Ѕвонко Костовски, кој требаше да одговара на прашања од адвокатите и обвинетите.

Во предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Апелација пак ја разгледува жалбата за мерката притвор на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, за предметот Титанк 2.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико