Рочиштето за „Титаник“ одложено поради отсуство на Кирил Божиновски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ продолжува на 5 март поради отсуство на обвинетиот Кирил Божиновски. На денешното рочиште требаше да бидат сослушани тројца сведоци, кои се повикани за следното рочиште заедно со уште шест редовно закажани сведоци. Адвокатите на обвинетиот Божиновски, го информирале судот дека тие заедно со клиентот учествуваат на закажаната главна расправа по предметот „Талир 2“.
Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.
Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Кирил Тодоровски и други. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.
Извор: Радио Слободна Европа