Правдико

   

Родители и докторка добија кривични за злоупотреба на детски додаток

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Две лица од Врапчиште добија кривични пријави за фалсификување, соизвршителство и за употреба на исправа со невистинита содржина, направени за незаконски да користат родителски додаток за четврто дете, со што го оштетиле Буџетот за околу 14 илјадi евра.

Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба добила и докторка која пополнила, потпишала, издала и заверила специјалистички извештај со неточен датум на раѓање на детето за кое се користел додатокот, како и социјален работник од Гостивар кој при прием на документите не извршил контрола на нивната точност.

– НК КР Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Н. (52), Х.Р. (30), двајцата од с.Врапчиште, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „соизвршителство“ во врска со „фалсификување исправа“, и „употреба на исправа со невистинита содржина“, како и против Г.М. (59) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба“, и М.Г. (62) од село Долна Бањица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во служба“ – се вели во соопштението од МВР.

Во периодот од 2009 до 2015 година првопријавениот и второпријавената, при поднесување и обновување на документација за право на родителски додаток за четврто дете, употребиле извод од матична книга на родени на име на девојче родено 20.09.2009 година, кое било родено на 20.09.2008 година, со цел користење на правото на родителски додаток за четврто дете што стапил во сила од 1.1.2009 година. Со ваквите дејствија првопријавениот и второпријавената го оштетиле буџетот на Р.Македонија за 879.524 денари.

Третопријавената, Г.М., како одговорно лице во приватната здравствена установа „Гинеко-мед“ на 22.12.2009 година и 11.05.2012 година, пополнила, потпишала, издала и заверила специјалистички извештај, во кој било наведено дека второпријавената се породила со четврто дете на 20.09.2009 година и дека ги извршила сите контроли во текот на бременоста во 2009 година.

Пријавената М.Г., пак, од 2009 година до 2015 година, како социјален работник во Меѓуопштински центар за социјална работа–Гостивар, при прием на документација од прво и второ пријавените, во наведениот период, за право на родителски додаток за четврто дете, без да изврши увид и детална контрола на регуларноста на примената документација им изготвувала решение за остварување на родителски додаток за четврто дете.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико