Родители си ја претепале ќерката затоа што не им ја дала платата | Правдико

Правдико

   

Родители си ја претепале ќерката затоа што не им ја дала платата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Родители од Тетово си ја истепале својата 24-годишна ќерка затоа што не им ја дала платата. Тие ја кубеле за коса и ѝ удирале тупаници по целото тело. Родителите биле повикани на разговор во полиција.

Според информациите на МВР, вчера околу 22 часот С.Џ.(24) од Тетово пријавила дека нејзините родители извршиле семејно насилство врз неа.

„Во наведеното време во нејзината соба влегла мајка ѝ и побарала да ѝ ја даде целата плата. Таа се спротивставила и тогаш мајка ѝ почнала да ја влече за косата, а татко ѝ неколку пати со тупаници ја удрил по главата и телото нанесувајќи ѝ видливи повреди. Родителите М.Џ. (44) и М.Џ. (41) биле повикани во Полициската станица Тетово“, велат од МВР. Од таму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот по што ќе биде поднесен соодветен поднесок против родителите.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико