Родители завршија во затвор заради малтретирање деца | Правдико

Правдико

   

Родители завршија во затвор заради малтретирање деца

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Тројца родители се осудени на вкупно 10 години затвор, бидејќи ги напуштиле или ги малтретирале сопствените деца.

Велес – Во Основниот суд во Велес во два одвоени судски процеси е изречена вкупна казна од 10 години затвор за тројца родители, кои ги напуштиле децата.

937281C0D529284C88229AD843ACC17A

Велешанката Д.Н. доби четири години затвор затоа што ги напуштила двете нејзини деца и ги оставила на бабата да ги чува. Таа е прогласена ва виновна за кривичното дело напуштање на немоќно дете. Во текот на јули 2012 година, велешанката ги напуштила своите немоќни деца. По смртта на сопругот, таа со синот и со ќерката заминала за Свети Николе, а еден ден подоцна децата ги вратила кај бабата. Од тогаш до јуни годинава, целосно се откажала од обврската за нивна грижа, така што воопшто ниту се јавувала, ниту се интересирала за нивната состојба. Д.Н. е осудена за напуштање на немоќно дете, за што доби казна затвор од по 3 година, вкупно шест, или во заедничка казна доби единствена четири години затвор.

Уште двајца родители на малолетник добија казна затвор од 6 години, затоа што го оставиле нивното дете на улица. Мајката У.Л. е прогласена за виновна за запуштање и малтретирање на малолетно лице за што доби затворска казна од 4 години, додека таткото К. А. за кривично дело напуштање немоќно лице, доби две години затвор.

Според обвинението, мајката од март 2010 година до март 2011 година живеела во вонбрачна заедница и со нејзиното асоцијално однесување, со грубо запоставување на должност за грижа и воспитување, го запуштила и малтретирала 14-годишниот син.

Во овој период детето живеело во несоодветни услови за живот, физички го казнувала, го оставала само во станот, не се грижела и не ги задоволувала неговите потреби за храна, облека и лична хигиена и не му дозволувала да оди на училиште, ниту да излегува надвор. На таткото К.А., кој е недостапен на надлежните институции, по разводот од сопругата му бил доверен синот на одгледување, чување и воспитување, но тој се однесувал крајно неодговорно. Го напуштил немоќното дете на возраст од девет години, со намера трајно да се ослободи од него. На автобуската станица го предал на неговата мајка без да се заинтересира и да биде запознаен за состојбата и условите во кои живее неговиот син. Поради ваквиот однос, двајцата ќе одлежат казна затвор од шест години.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико