Родот и различностите во правосудството | Правдико

Правдико

   

Родот и различностите во правосудството

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Трудот на ОДИХР насловен „Родот, различностите и правдата“ објавен во април 2019 година, содржи анализа и препораки за градење поинклузивен правен систем во регионот на ОБСЕ, потпирајќи се на резултатите од студија за процена на потребите спроведена од ОДИХР во 2017 година. Во трудот се прикажани конкретните предизвици утврдени во студијата за процена на потребите и се нагласуваат некои добри практики за нивно решавање. Сепак, дискусиите меѓу широката правна заедница од регионот на ЈИЕ за време на разни вебинари организирани од ОДИХР за вклучување на родовите аспекти во главните политики и родовата еднаквост во правосудните системи, открија дека сè уште е тешко да се добијат податоци во однос на родот и различностите во правосудниот систем.

Со цел да се реши ова прашање и имајќи го предвид фактот дека Северна Македонија не беше вклучена во истражувањето на ОДИХР во 2017 година, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ангажираше експерти за развој на основна студија што ќе се фокусира на правосудството (судови, обвинителства, Совет на јавни обвинители, Судски совет на РСМ и Академија за судии и јавни обвинители). Студијата има за цел да внесе меѓународна перспектива во тоа како земјата ја разбира улогата на жените во правосудството и да обезбеди релевантни податоци и анализа од перспектива на од и различност (етничка припадност, јазик, попреченост, возраст, социјален статус, религија или верување). Целта на студијата е да се разгледа моменталната состојба во Северна Македонија и да понуди препораки што би послужиле како солидна основа за идни одржливи интервенции засновани врз факти, во согласност со добрите практики нагласени во документот на ОДИХР.

Целото издание можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико