Рок и начини на плаќање на радиодифузната такса
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Плаќањето на радиодифузната такса се врши врз основа решението за утврдување на радиодифузна такса, “РДТ-ФЛ“ за семејните домаќинства, односно “РДТ-ПЛ“ за правните лица, кои од 1 јанури 2011 година ги издава Управата за јавни приходи. Решенијата се доставуваат за секој месец, одделно.
Рок за плаќање
Плаќањето на радиодифузната такса се врши најдоцна до 15-ти во месецот за претходниот месец (пр. радиодифузната такса за месец Јануари треба да се плати до 15-ти Февруари).
Во случај на задоцнето плаќање, се пресметува камата од 0,03% на износот кој нема да го платите во законскиот рок и тоа за секој ден задоцнување.
Начини на плаќање
- Електронско плаќање со безготовинска картичка
Од 15.04.2015 година, за обврзниците на РДТ – физички лица достапна е новата услуга за он-лајн плаќање на Радиодифузна такса преку е-Даноци https://etax.ujp.gov.mk
Регистрирајте се за електронско плаќање и проверка на состојбите за Радиодифузна такса преку е-Даноци https://etax.ujp.gov.mk. Постапката на регистрација за електронските сервиси за РДТ е бесплатна за граѓаните (не е потребен дигитален сертификат).
Он-лајн плаќањето на Радиодифузна такса за физичките лица е овозможено со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка (кредитна и дебитна) издадена од домашна банка.
- Готовинско плаќање со налог ПП 10 и ПП 30
Врз основа на податоците од решението на УЈП, плаќањето на радиодифузна такса се врши на образец ПП 10 – налог за готовинско плаќање или на образец ПП 30 – налог за безготовинско плаќање.
Плаќањето на радиодифузната такса може да го извршите на било која од следните трансакциски сметки на ЈП МРТ:
1) Комерцијална банка АД Скопје – 300000002318627; 2) Шпаркасе банка Македонија АД Скопје – 250001002999026; 3) НЛБ Тутунска банка АД Скопје – 210040634060360; 4) Халк банка АД Скопје – 270040634060270; 5) Стопанска банка АД Скопје – 200002772386383; 6) Еуростандард АД Скопје – 370011200112691.
- Предвремено плаќање на радиодифузната такса за следни периоди
Обврзникот по сопствено изјаснување може да изврши плаќање на радиодифузната такса за повеќе месеци, односно за цела календарска година.
Во случај на предвремено плаќање, задолжително треба да се внесе податокот за фолио бројот од решението за плаќање на радиодифузна такса за да може уплатата за обврзникот точно да се идентификува во Управата за јавни приходи.
- Плаќање со траен налог
Обврзниците за радиодифузна такса имаат можност за плаќање на радиодифузната такса со траен налог, но во тој случај треба да потпишат договор со носителот на платниот промет, односно банката.
Извор: УЈП