Правдико

   

Романец украл над 5.000 евра од старец во Сплит

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Романски државјанин е уапсен во Сплит за кражба на повеќе од 40.000 куни (околу 5.400 евра) од стан на еден постар жител на градот, јави „Хина“.

Романецот (39) е осомничен дека во петокот дошол во станот на 83-годишник, на кого му понудил да му продаде прибор за јадење, а откако човекот му платил за приборот, тој го искористил неговото невнимание и му ги украл парите.

Романскиот државјанин бил уапсен во саботата и против него е поднесена кривична пријава.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико