Романија би можела да стави вето на членството на Србија во ЕУ | Правдико

Правдико

   

Романија би можела да стави вето на членството на Србија во ЕУ

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ImageПоранешниот претседател на Романија, Трајан Басеску изјавил дека земјата би можела да стави вето на членството на Србија во ЕУ, доколку Србија во целост не го испочиува билатералниот договор за правата на романското малцинство, пренесуваат српските медиуми.

Басеску, кој е претседател на десничарското „Движење на народот“, смета дека Романија има „сериозна карта во својата рака“, бидејќи може да не го ратификува членството на Србија во ЕУ и по завршувањето на претпристапните преговори, пренесува порталот Vojvodina danas.

Романија смета дека и Власите кои живеат во долината Тимока се Романци, додека Србија оваа заедница ја смета како влашко малцинство, пренесува унгарската државна новинска агенција MTI, наведувајќи дека бројот на Власите во Србија се проценува на четврт милиони, но дека на последниот попис само 35 илјади лица се изјасниле како Власи, а 29 илјади како Романци.

Агенцијата Agerpres пренесува дека на собирот на универзитетот во месноста Извор Мурешулуи, на кој традиционално учествуваат Романците од дијаспората, претставниците на Романците од Тимочка краина побарале Романија одлучно да бара примена на договорот од 2012-та година.

„Сакаме Србија да стане членка на ЕУ, но сакаме и ние да се придружиме со нашите основни права: да имаме романски школи, литургија на романски јазик и романски печат“, рекол потпретседателот на културното друштво на Романците и Власите од Србија „Ариадне Филум“, Предраг Балашевиќ.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико