Правдико

   

Романија има намера да ги амнестира политичарите осудени за корупција

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Романија е блиску до одлуката да ги амнестира политичарите кои биле осудени за корупција – потег што би можел да ги обнови протестите против декриминализацијата на делата за корупција.

Ова не е првпат социјалдемократите од романската владејачка партија (ПСД) да се обиде да декриминализира некои дела на корупција, вклучувајќи ја и злоупотребата на службената положба, која се дефинира како „службеници кои не ја извршуваат својата работа правилно и предизвикуваат штета“.

Лидер на социјалдемократите, Ливиу Драгнеа, кој беше инволвиран во случај на корупција, е најжесток поддржувач на законот. Социјалдемократите сметаат дека во операцијата за борба против корупцијата има елементи на „лов на вештерки“.

Во јануари 2017 година, десетици илјади Романци се собраа на улиците на Букурешт, на протест поради владините планови за декриминализација на некои прекршочни дела и амнестија на осудените лица преку итни декрети. Ова беа најголемите демонстрации во земјата од 1989 година.

Според предлозите, секој што е осуден на казна помала од пет години затвор за одредени кривични дела ќе добие амнестија – потег што се смета за удар врз борбата на Романија против корупцијата.

Друг елемент за кој се дискутира во врска со ова прашање, се повиците од различни меѓународни организации, Романија да преземе чекори за решавање на пренатрупаноста во затворите.

Владата, исто така, имаше намера да ја декриминализира и злоупотребата на службената злоупотреба, каде финансиската штета е помала од 41.419 евра.

Ваквите владини намери наидоа на критики од претседателот Клаус Јоханис, од страна на главниот обвинител, обвинителот за борба против корупцијата и групите за граѓански права.

Европската комисија, исто така, го осуди овој потег.

Извор: НоваТВ

Партнери на Правдико