Романија постави два бегалски кампови на границата со Србија | Правдико

Правдико

   

Романија постави два бегалски кампови на границата со Србија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

609680_viktor-ponta-foto-ap-1_ffРоманските власти поставија две привремени кампови за бегалци во близина на границата со Србија и одржаa вежба за да се тестира нивната способност да одговорат на приливот на бегалци од соседните земји.

“Иако Романија не се соочува со притисок од мигрантите, овие чекори се неопходни за да се оцени нашата способност да реагираме на настаните во регионот”, вели заменик-премиерот, Габриел Опреа, во соопштението испратено од страна на Министерството за внатрешни работи.

Привремените бегалски кампови биле подигнати во близина на селото Лунга и Стамора Моравита во округот Тимиш , а официјални лица вршат регистрација и идентификација на странски државјани, со земање отпечатоци од прсти.

Романија е членка на ЕУ, но не и на Шенген зоната, додека Дунав е природна бариера, па поради тоа мигрантите бараат други патишта во западна Европа, потсетува Ројтерс.

Романија оваа недела повика на разговор со унгарскиот амбасадор, за плановите на Будимпешта за проширување на граничната ограда. Планот беше критикуван од страна на премиерот Виктор Понта.

Романскиот министер за надворешни работи, Богдан Ауреску вчера затворањето на граница, го нарече “аутистички и неприфатлив чин” со кој се крши духот на Европската Унија, а на тоа реплицира и унгарски колега Петер Сијарто.

“Ние сме држава постара од 1.000 години, која низ својата историја многу пати мораше да ја брани не само себе, туку и во Европа. Ова ќе продолжи , без разлика дали му се допаѓа на романскиот министер за надворешни работи или не”, изјави Сијарто.

Препорачуваме

Партнери на Правдико