Романија за Русија е бастион на НАТО и јасна закана | Правдико

Правдико

   

Романија за Русија е бастион на НАТО и јасна закана

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руското министерство за надворешни работи соопшти Москва на Романија гледа како на бастион на НАТО и земјата е јасна закана, поради тоа што е домаќин на дел од противракетниот штит на САД во Европа.

Според министерството, ставот на Романија и нејзиното лидерство, кое ја ставило земјата во истурена позиција претставува закана за Русија.

Во мај, минатата година американската војска го активираше ракетниот пресретнувач во Романија, кој е клучен елемент на противракетниот штит и кој ќе биде целосно оперативен во наредната година. САД соопштија дека целта на штитот е заштита на сите земји членки на НАТО од напади на ракети со краток и среден дострел, особено од непријателските држави на Блискиот Исток, и не претставува закана за Русија.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико