Правдико

   

Романската влада го преживеа гласањето за недоверба

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Романската влада, предводена од Социјалдемократската партија, ги преживеа во националниот парламент гласовите за доверба.

Иницијативата за отповикување на Владата беше поднесена од опозицијата, од редовите на десниот центар, а пратениците од владејачката коалиција се воздржаа од гласање, јавува Ројтерс.

Тоа беше доволно за барањето на опозицијата да не помине, затоа што Социјалдемократите заедно со својот коалициски партнери држат околу 61 проценти од местата, а за гласање за недоверба беа потребни 233 гласови или 50 отсто од пратениците.

Романскиот премиер Сорин Гриндеану во средата, пред гласањето за доверба на Владата, во својот говор пред пратениците, рече дека неговата канцеларија “има обврска кон луѓето кои му дадоа доверба за време на изборите и да продолжат да владеат.”

“Јас ќе побарам од вас да му верувате на оваа власт … и да го отфрлите ова барање [за гласањето за недоверба]”, рече 43-годишниот премиер.

Во петицијата потпишана од 123 пратеници, стои дека “Романците не сакаат корумпираните политичари да бидат помилувани и заштитени со правдата”, по повод на оспорениот декрет, кој беше донесен, а потоа го повлече владата на Гриндеану , која сега планира да го реализира во форма на закон.

Откако владата ја усвои уредбата за декриминализација на кривичните дела на службениците, следат неколкудневни протести низ целата земја.

Минатата недела, Владата го одмина Собранието и ја усвои спорната уредба, поради која денови се протестира и бара оставка на Владата.

Партнери на Правдико