Романската влада ја повлече контроверзната уредба за декриминализација на корупцијата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Романската влада предводена од Социјалдемократската партија (PSD) на премиерот Сорин Гриндеану, како што беше најавено во саботата вечерта, во неделата по седмицата масовни протести ширум земјата, ја повлече уредбата со којашто се декриминализираат некои коруптивни дела за носители на државни функции.
Во неделата, наспроти стотиците илјади демонстранти изминатите денови, пред владата на плоштадот Викториеи во центарот на Букурешт се собра околу 5.000 антивладини демонстранти, додека друга група од околу 1.000 повозрасни демонстранти го критикуваа како „предавник“ шефот на државата пред претседателската палата.
„Усвоено е повлекувањето на уредбата“, изјави романскиот министер за здравство Флориан Бодог, а потврдиле за AFP извори блиски на премиерот Сорин Гриндеану.
Гриндеану во саботата вети дека во недела ќе ја повлече контроверзната уредба која им дава поголеми слободи и овластувања на корумпираните функционери, како што бараше претседателот Клаус Ијогхенис, наведувајќи дека не сака да ја дели земјата пресува Reuters.
Владата, исто така, соопшти дека на јавноста ќе ѝ бидат достапни транскриптите од расправата во текот на состанокот во четвртокот кога уредбата и дефинитивно беше усвоена.
Вадата на Романија ја прифати уредбата во вторникот вечерта, којашто би се однесувала на тековните истраги и судења, како и на новите случаи. Криминалната негрижа повеќе не би била кривично дело, а дефиницијата на судирот на интересите е стеснета, така што, на пример, криминалот кој би се случил на меѓу членови на исто семејство. Доколку биде спроведена, како што е планирано во рок од десет дена, уредбата ќе овозможи, меѓу другото, и декриминализација на злоупотребата на службените овластувања во кои сумите не минуваат над 200.000 леи, или 48.000 долари.
Со тоа би се прекинала тековната постапка против претседателот на Социјалдемократската партија (PSD), Ливиу Драгнеа, обвинет дека го користел политичкото влијание за да обезбеди плати за две лица кои работеле во штабот на неговата партија во периодот од 2006 до 2013 година, што тој го негира.
Драгнеа, за кого сметаат дека е вистинскиот премиер, кому му беше забрането да ја преземе должноста премиер по изборите во декември, поради можноста да биде осуден во судскиот спор поради корупција. Тој е поранешен романски потпретседател и министер за управа и регионален развој.
Полза од уредбата ќе имаа и десетици други политички функционери од сите политички партии во Романија би требало да имаат полза од оваа владина уредба , бидејќи со неа и веќе осудените лица за корупција би биле ослободени, а би биле прекинати и започнатите процеси. Од PSD претходно најавија дека уредбата ќе стапи на сила на 10-ти февруари на полноќ.
Девет западни земји, меѓу кои Германија и САД, изразија „длабока загриженост“ бидејќи таквата уредба би можела да го загрози партнерството на Романија во Европската унија и во НАТО.
Извор: Макфакс