Романската влада нема да поднесе оставка | Правдико

Правдико

   

Романската влада нема да поднесе оставка

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Лидерот на владејачката коалиција на Романија, Ливиу Драгнеа, денес изјави дека Владата нема да поднесе оставка по најмасовните протести од падот на комунистичкиот режим, предизвикани со владин декрет за олеснување на мерките за борба против корупцијата.

Откако стотици илјади луѓе со денови демонстрираа против наредбата, со која на политичарите би им се овозможило да го избегнат судењето, владата вчера го повлече контроверзниот декрет.

Претседателот на социјалдемократите, Ливиу Драгнеа по состанокот со партнерите во владата, рече дека “безрезервно ја изразува својата поддршка за владата и премиерот.”

Драгнеа, моќниот фактор во владата на Романија, еден од оние кои би имале корист од повлечениот декрет, не можеше да стане премиер и покрај победата на изборите, поради пресудата за местење на изборите од април 2016 година.

Препорачуваме

Партнери на Правдико