Романскиот омбудсман бара поништување на законот против корупција
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Романскиот омбудсман Виктор Чорбеа денеска поднесе петиција до Уставниот суд, барајќи поништување на законот со кој на осудени лица им се забранува извршување на министерски функции.
Чорбеа, кој законот го смета за неуставен, изјави дека има „цврсти аргументи“ да бара негово поништување, додавајќи дека треба да се воспостави рамнотежа меѓу државните власти.
Омбудсманот го направил овој потег и покрај загриженоста дека новата романска Влада би можела да се обиде да ја забави борбата против корупција.
Петицијата би можело да му помогне на лидерот на Социјалдемократската партија, Ливиу Драгнеа, кој не можеше да стане премиер, бидејќи претходно е осуден за изборна измама.
Романскиот Парламент завчера ја одобри новата Влада предводена од премиерот Сорин Гриндеану.
Извор: Нова Македонија