Ротаракт клубот „Широк Сокак„ донираше во Клиничката болница во Битола | Правдико

Правдико

   

Ротаракт клубот „Широк Сокак„ донираше во Клиничката болница во Битола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Младите ротаријанци од Ротаракт клубот „Широк Сокак“ со донација во постелнини и други текстилни материјали ги подновија одделенијата каде на свет доаѓа приновата во градот, Гинеколошкото одделение и Одделението за неонатологија при Клиничка болница во Битола. Донацијата е во вредност од 1300 евра односно 80 000 денари и се состои од постелнини, и тоа јоргани, перници, заштитници за душеци, баљарки, крпи со висок квалитет.

Како што изјави портпаролката на болницата Сузана Конеска, со ова се покрија потребите од ваков тип на постелнини и други материјали на овие две одделенија.

Менаџерскиот тим на Клиничката болница Битола во свое име и во име на пацинетите им се заблагодари на донаторите и изрази надеж дека соработката со Ротаракт клубот „Широк Сокак“ од Битола, предводен од претседателот Јане Велковски, ќе продолжи и понатаму.

 

Извор: Apla.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико