Ротаракт Широк Сокак Битола успешно го реализираше проектот “ Играта продолжува..со топол оброк “ | Правдико

Правдико

   

Ротаракт Широк Сокак Битола успешно го реализираше проектот “ Играта продолжува..со топол оброк “

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ротаракт клуб Широк Сокак, Битола е клуб на млади лидери на возраст од 18 до 30 години и постои од неговото официјално формирање на 31 октомври 2014 година. Од тогаш се до денес клубот, традиционално, секоја година организира предновогодишна забава од хуманитарен карактер. Една од главните цели на забавата е промовирање на проектите кои се сработени во ротаријанската година и истакнување на тековните и идните планирани проекти за годината која следи.

Оваа година забавата носи наслов “ Играта продолжува… со топол оброк “ и истата беше одржана во саботата на 22.12.2018 во хотел Милениум, Битола. Освен што се собираа парични средства клубот исто така пред и после забавата организира акции за собирање на храна во соработка со Тинекс и Веро маркетите, која истата ќе биде приготвена како топол оброк од страна на ресторан Милениум и ресторан Чифлик а преку граѓанското здружение Утешител ќе биде доставена до семејствата на кои им е потребна и немаат услови да ја приготват.

Во текот на вечерта, претседателот на клубот за оваа ротаријанска година Гоце Стојаноски излезе со свечен говор во кој истакна:

“Со оваа предновогодишна забава свечено ја завршуваме 2018та година и го заокружуваме циклусот на проекти на кои напорно работевме. Првиот од нив беше донацијата на постелнина во Одделението за гинекологија и акушерство во Клиничката болница Трифун Пановски – Битола а потоа следува донацијата на мебел/инвентар во во соработка со Прокредит банка. Проект кој сеуште го работиме и е во тек е реновирањето на неколку простории во Заводот за рехабилитација, слух, говор и глас Кочо Рацин – Битола, односно реновирање на 8 тоалети и 8 училни, а пак исто така оваа година се врши и доработување на нашата апликација Мој Документ која очекуваме наредна година да доживее и соодветна презентација на државно ниво. Голема благодарност до нашиот менторски клуб Ротари клубот Широк Сокак и Инервил Широк Сокак благодариме што секогаш сте тука за нас и ги отворате нашите хоризонти како луѓе кои веќе го оделе нашиот пат. Не смеам да пропуштам да се заблагодарам на Интеракт клубот Широк Сокак – вие сте нашата иднина и после вашиот толку значаен придонес во акцијата за собирање на храна, не убедивте дека можеме да бидиме спокојни со младина како вас. “

За крај Ротаракт Клуб Широк Сокак, Битола пред се им се заблагодарува на своите сограѓани кои несебично не поддржуваат, со ваша помош успеавме да докажеме дека Битола е хуман град, но исто така нашите проекти не би биле толку успешни ако со нас не беа и СН Осигурителен Брокер, СН Финансиско Друштво, Стентон Градба, Киро Дандаро, ПроКредит Банка, Хотел Милениум, Винарија Чифлик, Каза Дизајн, Графо Пром , Гипс Пром, Тинекс и Веро маркетите кои како наши спонзори придонесоја заедно да чекориме кон подобро утре за сите.

Препорачуваме

Партнери на Правдико