Ротари клубот „Широк сокак“ со најголема донација во своето постоење, предадена на Клиничка болница Битола | Правдико

Правдико

   

Ротари клубот „Широк сокак“ со најголема донација во своето постоење, предадена на Клиничка болница Битола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ротари Клубот „Широк Сокак“ денес  ја реализира  најголемата донација во своето 12 годишно постоење. За Ковид центарот на Клиничка болница во Битола беше предадена најсофистицирана опрема  во вредност од 2 144 390 која е воедно и една од најголемите донации на опрема во  Ковид центрите  во земјава. Од Ротари клубот „Широк Сокак“ изјавија дека со овој вид на опрема пациентите ќе добијат можност нивната состојба да се следи со помош на врвна медицинска апаратура на реномираниот производител Дрегер од Германија .

Донацијата се состои од пет хемодинамиски монитори за возрасни, деца и новородени, два бронхоаспиратори со вакум и четири паротокомери за кислород.

„Ротари клубот Широк Сокак од Битола денес донираше медицинска опрема во Клиничката болница, набавена од реномиран германски производител и вредноста околу 2 200 000 денари. Изборот на опремата е направен по преходна консултација на стручни лица од Болницата, а ќе се користи во Ковид центарот, а потоа и за лица со респираторни проблеми“, рече Петар Милошевски , претседател на Ротари клуб „Широк Сокак“ од Битола.

Директорката на Клиничката болница Билјана Гагачовска изрази голема благодарност до Ротари клубот Широк Сокак за оваа голема донација со која рече дека ќе се подобри квалитетот на лекувањето на пациентите, односно мониторирањето на пацинетите.

„Привремено опремата ќе биде сместена на Одделението за интензивна нега и лекување на пациенти, а понатаму ќе биде соодветно распределена каде што има потреба“, рече Гагачовска.

Средствата  се обезбедени од  лични донации на членови на клубот кои се мечирани во Ротари Интеранационал , донации од партнерски Ротари клубови  Логатец Р. Словенија , Љубљана 25 Р Словенија ,Галезбург Санрајз САД , Ротари Дистрикт 1912 , Ротари Дистрикт 2483 Р. Србија како и средства на граѓаните на Битола кои беа донирани за време на минатогодишниот Втор Битолски новогодишен базар.

„Го изразувам своето задоволство што можеме да ја предадеме една од најголемите донации од постоењето на пендемијата во државата, и тоа да ја донираме во Клиничката болница во Битола. Благодараност до сите членови на клубот бидејќи овие средства во висина од 35 000 евра се собрани како лични донации на членовите на клубот, нашите збратимени клубови од Словенија и САД И Меѓународната ротари фондација. 10 проценти од средствата доаѓаат од Новогодишниот базар што го имавме минатата година. Ова е врв во медицинската опрема. Познавачите кажуваат дека она што а автомобилкста индустрија е мерцедес, за мединцинската опрема е овој германски производител. По завршувањето на пандемијата цела оваа апаратура ќе остане за потребите на оперативните сали во Болницата, односно за граѓаните не само на Битола, туку на Југозпадниот регион на државата“, рече Сашо Додовски од Ротари клубот „Широк Сокак“ Битола.

Инспирирани и поттикнати од оваа голема донација на Ротари Клубот Битола Широк Сокак , добавувачот Винора одлучи кон оваа донација да се приклучи и да ја надгради со донирање на опрема која е од витално значење во справување со пандемијата со ковид 19.И тоа два апиратори на струја, два протокомери за кислород со овлажнувач, ларингоскопски сет и дваесет маски за висока концентрација на кислород.

 

Извор: Апла.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико