Правдико

   

РСБСП: Брзината клучен фактор во сите сообраќајни несреќи, намалете ја брзината и возете смирено и безбедно

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Брзината е критичен и клучен фактор во сите сообраќајни незгоди и може да се каже дека токму од брзината зависи дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода и какви ќе бидат последиците од сообраќајната незгода. Според статистичките податоци, брзото возење, односно неодговорното однесување во сообраќајот и понатаму останува главна причина за предизвикување сообраќајни незгоди со фатални последици, соопшти Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Оттаму велат дека во 2018 година, во Република Северна Македонија, 43 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди предизвикани од брзо возење, а 1069 лице се здобиле со тешки и сериозни повреди како последица на брзото возење. За жал, и покрај тоа, истражувањата покажуваат дека 86% од возачите во Република Северна Македонија барем еднаш ги имаат прекршено правилата за ограничување на брзината, а 20% од нив, тоа го прават често.

Водејки се од тоа, РСБСП ги потсетува возачите дека:

1. Возачот е должен да ја прилагоди брзината според условите во кои се одвива сообраќајот и според состојбата на патот.
-Брзината на движење е ограничена согласно условите на патот и истата е одбележена со соодветен сообраќаен знак.
-Брзината на движење на патиштата во Република Северна Македонија е ограничена, и тоа:
-На 130 км/час на автопат
-На 110 км/час на пат резервиран за моторни возила
-На 90 км/час на другите патишта
-Најголема дозволена брзина во населено место е 50 км/час.

2. Брзото возење ја загрозува безбедноста во сообраќајот и се санкционира со парична казна до 400 евра во денарска противвредност, во зависност од тежината на сторениот прекршок, односно од големината на пречекорувањето на брзината.

3. Брзото возење претставува закана за времено одземање на возачката дозвола до 12 месеци.

4. Брзото возење ве прави нервозни и агресиви. Агресивните и брзи возачи немаат можност да уживаат во возењето и се соочуваат со голем број стресни ситуации додека возат.

5. Брзото возење значи поголема потрошувачка на гориво и негрижа за возилото.
Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат со фатални последици кои се трајни и ненадоместливи. Не дозволувајте летните патувања да се претворат во нечија црна судбина.

РСБСП со апел до возачите, намалете ја брзината, возете смирено и безбедно. Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината и уживајте во патувањето.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико