РСБСП: Нашите желби и ветувања за безбедност во сообраќајот во новата година | Правдико

Правдико

   

РСБСП: Нашите желби и ветувања за безбедност во сообраќајот во новата година

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

15622444_1323591604348533_1605591432986801151_nПод влијание на претпразничната еуфорија, во брзаницата да ја завршиме оваа година и да започнеме со нова и поубава, забораваме на она по што ќе ја паметиме годинава што минува. Да бидеме искрени, за многумина од нас, како и за РСБСП, ова не беше ни малку розева и лесна година. Оваа година, ни се случија сообраќајни незгоди со смртни последици во кои настрадаа многу невини луѓе, многу детски очиња прерано престанаа да се восхитуваат на животот и на убавините кој тој ги носи, многу семејства загубија дел од себе и останаа без своите сакани, а сите ние останавме посиромашни за загубените човечки животи, без нашите  колеги, без нашите пријатели, роднини познајници…

Но, крајот на секоја година ни дава можност да направиме пресек, да  застанеме и да размислиме за грешките во сообраќајот кои сме ги направиле, но и да си дадеме шанса и да ветиме дека истите нема да ги повториме и во годината што следи.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги поттикнува  и ги повикува сите учесници во сообраќајот, сите заедно да го дадеме првото и основно ветување: да ветиме дека ќе бидеме внимателни и дека ќе ги почитуваме правилата во сообраќајот. Многу грешки, многу изгубени човечки животи се последица  единствено на невнимание и непочитување на сообраќајните правила и прописи, поради своеглавост и преголема самодоверба.

Пред да си ги кажеме новогодишните желби и да си упатиме новогодишни честитки едни на други, пред да посакаме секој од нас да е среќен, жив и здрав, да се потсетиме уште еднаш на  ветувањата со кои ќе се заложиме да направиме сѐ што е во наша моќ за да се зголеми безбедноста во сообраќајот на улиците и на патиштата низ земјава.

-Да ветиме дека нема да дозволиме брзината повторно да изнудува од нас да правиме кобни грешки. Брзината со која управуваме со возилото секогаш треба да е прилагодена кон условите на патот.

-Да ветиме дека и на најкратката дестинација на која сме се упатиле ќе користиме сигурносен појас или заштитен шлем.

-Да ветиме дека алкохолот нема да биде тој кој ќе одлучи на која дестинација ќе патуваме.

-Да ветиме дека и во улога на пешак ќе ги почитуваме сообраќајните правила и ќе ги дадеме истите ветувања како кога сме во автомобил, на велосипед или на мопед.

Препорачуваме

Партнери на Правдико