Русија бара од Киев да се придржува кон ветувањата за смирување на ситацијата | Правдико

Правдико

   

Русија бара од Киев да се придржува кон ветувањата за смирување на ситацијата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за надворешни работи на Русија остро реагираше на судирите и пукањето врз демонстрантите  во саботата вечер во градот  Славјанск во источна Украина, и бара од Киев да направи се за да се спречи  насилството.

rusija

Русија, Украина, САД и ЕУ се  согласија оваа недела во Женева да да разговараат за намалување на тензиите  во источна Украина. Договорот вклучува разоружувањето на паравоените групи од двете страни на конфликтот. 

Сепак, во саботата вечер со упадот на  “десен-сектор”, паравоена формација, заврши со шест убиени  луѓе во Славјанск, град во регионот Донецк под контрола на про-руските демонстранти.

Москва го осуди насилството во неделата и соопшти дека Киев не  е подготвен за спроведување на договорот во Женева.

“Русија е бесна поради настанатите провокации, бидејќи Киев не сака сака да се смири ситуацијата  и да започне со  разоружување на националистите  и екстремистите кои оперираат во таа област”, објави Министерството за надворешни работи.

Министерството додаде дека Москва , инсистира на почитување на обврските на  украинската страна и нивно целосно ангажирање за смирување на ситуацијата во југоисточниот дел на Украина.

Женевскиот договор по маратонски разговори има за цел смирување на украинската политичка криза. Во прилог на разоружување на паравоените групи, се нуди амнестија за демонстрантите, кои не учествуваат во насилни кривични дела, како и подготовка на уставни реформи за да се обезбеди поголема автономија за украинските региони

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико