Русија ги тужи Гугл, Фејсбук, Твитер, ТикТок и Телеграм | Правдико

Правдико

   

Русија ги тужи Гугл, Фејсбук, Твитер, ТикТок и Телеграм

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руските власти тужат пет медиумски платформи, вклучувајќи ги Гугл, Фејсбук и Твитер, за наводно дека не ги избришале објавите во кои се повикуваат децата да учествуваат во нелегални протести, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на суд во Москва.

Според тужбата, Гугл, Фејсбук и Твитер се соочуваат со по три обвиненија и секое од нив се казнува до четири милиони рубљи (54.000 американски долари). Руските власти ги тужат и ТикТок и Телеграм.

Случаи против технолошки гиганти беа отворени по протестите низ целата земја во врска со затворањето на опозицискиот политичар Алексеј Навални, кој тврди дека сите постапки против него се политички мотивирани, додека руските власти негираат.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико