Русија го повика лидерот на Северна Кореја да ја прослават победата над нацизмот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Рускиот министер за надворешни работи изјави дека лидерот на Северна Кореја се наоѓа меѓу 26 светски лидери кои ја прифатиле поканата на Москва да учествува на прославите по повод одбележувањето на 70-годишнината од советската победа над нацистичка Германија, пишува Фена.
Врв на прославата на 9 мај ќе биде редовната годишна воена парада на Црвениот плоштад, каде што, според традицијата, претседателот на Русија Владимир Путин би требало да одржи говор.
Министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, во вторникот рече дека освен претседателот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, лидерите на Кина, Куба, Индија, Монголија, Јужна Африка и Виетнам го потврдиле учеството, објави АП.
Северна Кореја не ја коментираше официјално руската објава. Тоа би било првата посета на Ким во странство откако ја презеде функцијата пред три години.
Некои западни лидери одлучиле да не присуствуваат на воената парада поради улогата на Русија во украинскиот конфликт.
Извор: radiosarajevo.ba