Правдико

   

Русија го прогласи Транспаренси Интернешнл за странски агент

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руските власти во вторникот го класифицитаа рускиот огранок на антикорупциската организација Транспаренси Интернешнл во категоријата „странски агент“ бидејќи оваа невладина огранизација прима парични средства од други земји.

timthumb

Руското министерство за правосудство во соопштението до јавноста наведува дека оваа одлука ја донело по спроведената контрола на обвинителството.

„Од сега ќе биде се потешко за нас, но ние ќе продолжиме со нашите активности се додека е возможно“ – изјави за AFP официјалното лице за правни прашања на организацијата во Русија, Денис Примаков.

Рускиот огранок на Транспаренси Интернешнл е отворен во 1999 година и се занимава со борбата „против корупцијата во Русија и промовиранјето на антикорупциски концепти“, се наведува на официјалната веб страна на организацијата.

Русија во 2012 година денесе закон со кој ги обврзува невладините организации кои добиваат странски пари и имаат „политичка активност“ да се регистрираат како „странски агенти“ и како такви да се претставуваат на сите јавни активности.

Овој термин се применувал во времето на Сталин, за опозиционерите кои биле стрелани или пратени во логори. Советските власти од 1970-та до 1980-та година го користеле овој термин за „отпадниците.“

Партнери на Правдико