Правдико

   

Русија го усвои законот за контрола на интернетот

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руските парламентарци го одобрија спорниот предлог-закон кој ќе и овозможи на Москва да го запре интернет сообраќајот во земјата за странски сервери. Со 320 гласови „за“ и 15 „против“ Думата го усвои предложениот закон, кој ќе стапи во сила на 1 ноември.

Руската Влада оцени дека со таквото законско решение ќе биде зајакната кибер безбедноста. Ваквиот потег за критичарите претставува последен обид за контрола на онлајн содржините од власта предводена од претседателот Владимир Путин, додека некои од нив се плашат дека власта може целосно да го изолира интернетот во земјата, по примерот на Северна Кореја.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико