„Русија има 9.000 војници во Украина“ – тврди Порошенко на форумот во Давос
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера на форумот во Давос ја обвини Русија за испраќање на 9.000 војници како поддршка на сепаратистичките бунтовници во источниот дел на земјата, додека шефот на ММФ испраќа дополнителна финансиска помош за Киев бидејќи конфликтот нанесува сериозна економска штета.
Москва го предизвикува Порошенко да презентира факти со кои би ги докажал своите тврдења. Сепак, тој доби поддршка од НАТО – Алијансата тврди дека количеството на тешка воена опрема што се користи од страна на руските сили во источниот дел на Украина е зголемена, и го повтори својот повик за руските сили да се повлечат.
Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Порошенко имаше едно од најхрабрите тврдења од страна на Киев, дека Руската војска е директно вклучена во конфликтот во кој загинаа повеќе од 4.800 луѓе од април минатата година.
Руските војници беа поддржани од голем број на тешко оружје, вклучувајќи тенкови, тешка артилерија и оклопни возила, рече тој, додавајќи: “Ако тоа не е агресија, што е агресија.”
Порошенко исто така, ја повика Москва да се осврне на мировниот план договорен во Минск, Белорусија, во септември минатата година помеѓу Украина, Русија и про-руските сепаратистички лидери и да се стави крај на конфликтот.
“Решението е многу едноставно – запрете со снабдување со оружје … повлечете ги војниците и затворете ја границата”, рече тој. “Ако сакате да зборувате за нешто различно, тоа значи дека не сте за мир, вие сте за војна” – им порача на Москва.
– ПРАВДИКО –