Русија, Кина, Велика Британија, САД, Франција нема да го потпишат договорот за забрана на нуклеарното оружје | Правдико

Правдико

   

Русија, Кина, Велика Британија, САД, Франција нема да го потпишат договорот за забрана на нуклеарното оружје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Русија, Велика Британија, Кина, САД и Франција во заедничката изјава во понеделникот истакнаа дека се противат на договорот за забрана на нуклеарно оружје и одбија да го потпишат, пренесува „Спутник“.

„Цврсто веруваме дека најдобриот начин да се постигне свет без нуклеарно оружје е преку постепен процес што го зема предвид меѓународното безбедносно опкружување. Овој докажан пристап кон нуклеарното разоружување даде видливи резултати, како големото намалување на глобалните резерви на нуклеарно оружје”, се вели во соопштението.

Петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН истакнаа дека договорот за забрана на нуклеарното оружје, кој беше изготвен на голема конференција во ОН на 7 јули 2017 година и допрва треба да биде ратификуван од големите сили, не се справува со клучните проблеми што му пречат на трајното нуклеарно разоружување, му противречи и ризикува да го поткопува договорот за неширење нуклеарно оружје (NPT).

„Овој договори ги игнорира меѓународниот безбедносен контекст и регионалните предизвици и не прави ништо за да ја зголеми довербата и транспарентноста меѓу државите, нема да резултира со елиминација на ниедно оружје, не ги исполнува највисоките стандарди за неширење и создава поделби во меѓународната машинерија за неширење и разоружување, кои понатаму можат да го отежнат разоружувањето”, се вели во соопштението.

Петте земји членки отидоа и чекор понатаму, повикувајќи ги оние кои размислуваат да го поддржат новиот договор да размислат за неговите последици врз меѓународниот мир и безбедноста.

„Ние нема да го поддржиме, потпишеме или ратификуваме договорот. Тој нема да биде обврзувачки за нашите земји и не прифаќаме никакво тврдење дека придонесува за развојот на обичајното меѓународно право, ниту, пак, поставува нови стандарди или норми. Ги повикуваме сите земји кои размислуваат да го поддржат овој договор сериозно да размислат за неговите импликаци во меѓународниот мир и безбедност”.

Наместо тоа, тие ветија дека ќе се посветат на договорот за неширење на нуклеарно оружје од 1968 година велејќи дека крајната цел е свет без нуклеарно оружје во услови на ненамалена безбедност за сите.

Таканаречениот Договор за забрана на нуклеарното оружје е првиот правно обврзувачки договор за забрана на нуклеарно оружје. Тој беше усвоен на 7 јули од повеќе од 120 земји членки на ОН. Документот забранува цела низа активности поврзани со нуклеарно оружје, вклучувајќи го и нивниот развој, производство и поседување.

Договорот беше отворен за потпишување на 20 септември во седиштето на ОН во Њујорк. Од 29 октомври 2018 година, 69 земји го потпишаа и 19 држави го ратификуваа договорот, но нуклеарните сили го бојкотираа.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико