Русија му го продолжи престојот на Сноуден | Правдико

Правдико

   

Русија му го продолжи престојот на Сноуден

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На поранешниот службеник во американската Национална агенција за безбедност (НСА), Едвард Сноуден, му е продолжен престојот во Русија, соопшти портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„На Сноуден штотуку му е продлжен престојот за уште неколку години“, напиша Захарова на „Фејсбук“.

Во јуни 2013 година Сноуден на „Вашингтон пост“ и на „Гардијан“ им предаде доверливи материјали за американските и за британските програми за следење на интернет. Потоа замина за Хонгконг, од каде на 23 јуни истата година замина за Москва и престојуваше во транзит-зоната на московскиот аеродром „Шереметјево“.

Во август истата година добил привремен азил во Русија.

Сноуден во САД се товари за издавање тајни документи на специјалните служби на други земји и по секоја од трите точку му се заканува до 10 години затворска казна.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико