Русија повикува на дијалог во Украина | Правдико

Правдико

   

Русија повикува на дијалог во Украина

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шефот на руската дипломатија Лавров повика да се организираат разговори меѓу двете страни во украинскиот конфликт под покровителство на ОБСЕ. Меркел исклучува воена разврска.

wmd-lavrov-syria-use.si

Дијалогот меѓу властите во Киев и противниците може да биде организиран под закрила на ОБСЕ. Тоа го изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по средба со перуанскиот шеф на дипломатијата, Еда Ривас.

„Се надеваме дека тие наши западни колеги, кои засега се сомничави за тоа прашање, нема да им пречат на Украинците да се договорат“, изјави Лавров. Додаде дека властите во Киев треба да ја преземат својата одговорност да почнат дијалог со претставници од југоисточниот дел од државата за да се договорат како ќе живеат.

Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа отфрли можност за воено решение во спорот со Русија за Украина и додаде дека излез ќе се бара со дипломатско решавање на кризата. Меркел рече дека не треба да се заборават лекциите од двете светски војни во 20 век.

„Ако ги прифатиме истите методи, дали сме научиле нешто 100 години по почетокот на Првата светска војна и 75 години по почетокот на Втората светска војна? Не“, нагласи Меркел.

„Ќе продолжам да работам за добро партнерство со Русија. Нема да се решаваат конфликтите во Европа со воени средства. Воените решенија може да бидат отфрлени“, изјави германската канцеларка.

Извор: DW

Препорачуваме

Партнери на Правдико