Русија размислува да протера триесеттина дипломати на САД
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави денеска дека земјата размислува за преземање мерки против САД како одговор на одлуката на поранешниот претседател Барак Обама од декември минатата година да протера 35 руски дипломати и да затвори два руски центри.
Говорејќи во Мауербах, Австрија, Лавров посочи дека активностите на Вашингтон се срамотни. Обама ги презема мерките откако американските разузнавачи утврдија дека Русија се обидела да влијае на претседателските избори во корист на републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
Рускиот провладин весник „Известија“ денес пишува дека Москва планира да протера околу 30 американски дипломати и да заплени неколку објекти во сопственост на САД во Русија.
Како што се наведува во написот, ваквите мерки на Русија се последица на одлуката на Вашингтон да не врати имот на руската амбасада во Вашингтон, одземен во декември 2016 година.
Ова прашање остана нерешено и по состанокот на претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Хамбург.
„Известија“ наведува дека на средбата во Хамбург било отворено прашање, но станало очигледно дека САД немаат план за решавање на кризата во односите.
Москва соопшти дека не сака да воведе вакви мерки, но дека не може да остане без реципрочен одговор на непријателскиот акт на Вашингтон.
Извор: Макфакс