Русија се заканува со контрасанкции
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Официјална Москва не ја исклучува можноста Русија да воведе реципрочни мерки кон Црна Гора, Албанија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и кон Украина, земји кои се приклучија кон антируските санкции на ЕУ, објави „Спутник“.
– Овие мерки, секако, може да бидат донесени. Уште еднаш повторувам дека тоа е основен принцип на реципроцитет – рече прес-секретарот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков.
ЕУ објави соопштение во кое се наведува дека земјите-кандидатки Црна Гора и Албанија, членките на Европската асоцијација за слободна трговија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, како и Украина се приклучуваат кон одлуката на Советот на ЕУ за продолжување на санкциите кон Русија до 31 јануари 2016 година.
Извор: Мета.мк