Русија: Уапсен ,,Манијакот од Волга" осомничен за убиство на 26 жени | Правдико

Правдико

   

Русија: Уапсен ,,Манијакот од Волга” осомничен за убиство на 26 жени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руската полиција уапси маж осомничен за убиство на 26 постари жени, кој претставувајќи се како социјален работник влегувал во нивните домови за да им ги украде вредните предмети,а потоа ги убивал соопштија полициските органи .

Руската новинска агенција РИА и другите државни медиуми соопштија дека истражителите веруваат дека тој е сериски убиец познат како Манијакот од Волга, кој ограбувал пензионерки кои живееле сами во дванаесет различни региони во периодот 2011-12, повеќето од нив во близина на реката Волга.

Истражниот комитет што постапува со истраги за сериозни злосторства го идентификуваше осомничениот како Радик Тагиров (38), кој беше затворен за кражба во 2009 година и ослободен во 2010 година.

Агенцијата соопшти дека има ДНК примероци кои го поврзуваат осомничениот со убиствата. Тој бил приведен на адреса во градот Казан.

Државниот телевизиски канал емитуваше снимки од човек, за кој се тврди дека осомничениот признал дека задавил жени, со метод што тој го опиша како „мирен, брз и безболен за нив“.

Убиецот користел предмети кои му биле во близина како што се разни кабли, жици и слично.

Властите понудија награда од 3 милиони рубли за информации за тоа каде се наоѓа, потрагата траела со години – пишува Ројтерс.

Препорачуваме

Партнери на Правдико