Русија усвои закон за регистрација на странски медиуми како „странски агенти“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Долниот дом на рускиот Парламент, во второ читање, усвои закон кој ќе им овозможи на руските власти да ги идентификуваат странските медиуми кои работат во Русија како „странски агенти“.
Американското Министерство за правда побара од руската телевизија РТ, спонзорирана од Кремљ, да се регистрира како „странски агент“ на територијата на САД, по обвинувањата на американски разузнавачки агенции дека Русија е вмешана во претседателските избори во САД минатата година.
Русија, која ги отфрли обвинувањата, најави дека ќе одговори слично на американските потези.
Потребно е текстот да биде поддржан и во трето читање, пред да биде предаден на одобрување во Горниот дом на Парламентот.
Извор: Нова Македонија