Русија започна воени вежби на своите јужни граници | Правдико

Правдико

   

Русија започна воени вежби на своите јужни граници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека Вооружените сили на Русија започнале воени вежби во реонот на јужните граници на земјата.

05032015152619_rusija

Предвидено е вежбите да траат до 10 август, а во нив да бидат вклучени повеќе од две илјади војници, како и 500 видови најразлично вооружување.

Вежбите се одржуваат во рускиот дел на Кавказ, како и во руските бази во Ерменија и во грузиските сепаратисички региони Абхазија и Јужна Осетија. Маневри се одржуваат и на полуостровот Крим, што Русија го анектира пред една година, по смената од власт на тогашниот украински претседател Виктор Јанукович.

На Западот, руските воени вежби се означуваат како „демонстрација на сила“ откако односите меѓу Москва и западните земји се на најниското ниво од времето по завршувањето на Студената војна, поради украинската криза и конфликотот во источна Украина.

Портпаролот на руското Министерството за одбрана, Анатолиј Антонов изјави денеска дека активностите на НАТО на границите на Русија, далеку го надминуваат се она што руската војска го има преземено.

– Земјите-членки на НАТО ја користат ситуацијата во источна Украина за сосема да се доближат до руските граници – рече Антонов.

Флотила на НАТО влезе вчера во Црно Море за да учествува во поморските вежби, заедно со морнариците на Романија, Бугарија и Турција.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико