Руска активистка ја доби наградата Вацлав Хавел
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и ја додели годишната награда за човекови права Вацлав Хавел, на активистката Људмила Алексејева. 88-годишната дисидентка од советската ера, и една од најгласните затапници за почитување на човековите права, денеска во Стразбур ја прими престижната награда.
Таа во 1960 година му се придружи на советското дисидентско движење, пред да стане член на Московската хелсиншка група.
Принудена да емигрира во САД во 1977 година, таа се врати во Москва во 1989 година за да ја продолжи нејзината работа. Наградата од 60 илјади евра е наменета за индивидуалци или организации кои имаат остварено „најдобра активност во одбрана на човековите права во Европа и пошироко.“
Извор: Радио слободна Европа