Руската адвокатка првпат даде изјава за состанокот со синот на Трамп
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Руската адвокатка Наталија Веселницкаја изјави денеска дека за време на минатогодишната претседателска кампања во САД била повикана во „Трамп кулата“ на состанок со синот на тогашниот републикански кандидат и сегашен американски претседател, како и дека од неа биле побарани информации за кампањата на Хилари Клинтон.
Веселницкаја за американската телевизија НБЦ рече дека непознат маж ја повикал преку телефон и дека ѝ рекол да се сретне со претставници на кампањата на Доналд Трамп, пренесува АП.
Руската адвокатка рече дека немала податоци за кампањата за претседателската кандидатка на американските демократи Хилари Клинтон, при тоа додавајќи дека никогаш не работеле за Владата на Русија.
Ова е нејзина прва изјава откако синот на американскиот претседател Доналд Трамп џуниор рече дека се сретнал со неа за да добие информации за тогашната ривалка на неговиот татко, Хилари Клинтон.
Извор: Макфакс