Руската Дума: Украинските националисти да се судат во трибуналот во Хаг
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Мнозинството пратеници од руската Дума побарале од руските истражни органи да подготват официјално писмо за Меѓународниот кривичен суд во кој ќе ги опишат сите кривични дела извршени од украинските националистички групи, вклучувајќи го и Прави сектор, и ќе побара тие да бидат прогласени за екстремисти, пишува „Русија денес“.
Авторот на иницијативата, пратеникот Михаил Маркелов од Обединета Русија, вели дека и Прави сектор и втората поголема украинска националистичка организација УНА-УНСО имаат богато и долго досие на вклученост во различни воени конфликти. Меѓу нив се конфликтот во Чеченија, кусата војна во Северна Осетија и неколкуте војни на Балканот во кои украинските радикали се бореле на различни страни – и со Хрватите, и со Србите и со Албанците.
Русија веќе го стави на својата листа со барани лица Дмитриј Јарош од Прави сектор поради неговото учество во борбите во Чеченија на страната на терористите. Под истрага во Русија беше уште еден познат член на групата, Александар Музичко, кој беше убиен од украинската полиција во март.
Во 2009 година, руската највисока федерална полициска агенција, Истражниот комитет, објави извештај во кој се тврди дека бројот на украинските борци што се бореле против руските миротворци и војска во Јужна Осетија е околу 200. Маркелов вели дека, според него, овој извештај е доволен за Меѓународниот кривичен суд во Хаг да донесе одлука со која ќе ги означи овие националистички групи како екстремистички и ќе им „осигури“ меѓународен статус на политички отпадници.
Правниот експерт Олга Шепелева посочува дека планот на Маркелов може да се соочи со една пречка – Меѓународниот кривичен суд го задржува правото да не разгледува барања од нации што не го ратификувале Римскиот статут, спогодбата со која во 1998 година беше формиран Меѓународниот кривичен суд. Русија го потпиша статутот, но с` уште го нема ратификувано.
Од друга страна, Украина е во истата ситуација, но овој факт не ги спречи новите власти во Kиев да побараат од Хаг да ги истражи насилните настани што ~ претходеа на актуелната политичка криза.
Лидерот на руската популистичка национална партија ЛДПР, Владимир Жириновски, покрена сопствена иницијатива поврзана со можно судење на власта во Kиев или барем на еден од нивните претставници.
– Ова е криминал, но нема да ви се суди во Хаг, ниту во кривичниот суд во Москва. Највисоката инстанца што можеме да ви ја дозволиме е воениот суд во Ростовскиот гарнизон – рекол Жириновски.
Извор: Дневник