Руската ФСБ притвори нуклеарен научник, ѝ предавал државни тајни на Кина
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Руски физичар е обвинет за обелоденување државни тајни кога спровел истражување во лабораторија за физика во Кина. Тој не можел да се врати на својата работа поради Ковид-19 и од неодамна работел на Државниот универзитет во Томск, пренесува РТ.
Уралската информативна веб-страницата „Знак“ го идентификува осомничениот како 64-годишниот нуклеарен физичар Александар Луканин. Тој бил уапсен за пренесување класифицирани информации што ѝ припаѓаат на руската влада, но нема официјална потврда за тоа. Луканин во моментот се наоѓа во истражен затвор, а ФСБ извршила претрес во неговиот дом.
Полињата на истражување на Луканин вклучуваат електронски уреди во нуклеарната физика. Познато е дека работел на Политехничкиот универзитет во Томск пред да се префрли во Институтот за физика и наука за материјали (дел од сибирскиот разгранок на Руската академија на науките, исто така во Томск).
Таму Луканин бил вклучен во развој на напојувања пред да се пресели во Кина. Кога не успеал да се врати во Шенјанг поради пандемијата на коронавирусот, тој се вработил на Државниот универзитет во Томск.
Зборувајќи за медиумите, пријателот на Луканин, Николај Кривопалов, рекол:
„Колку што знаеме, тоа е нешто како предавство – дека им продал некои технологии на Кинезите. Кога се пензионира, отиде да работи во Кина – беше поканет од универзитетот во Шенјанг. Тој таму работеше во лабораторија, истражуваше напојувања, радиотехничко нарушување на тврди материјали и слични области. Но, колку што знам, ова не е поврзано со воена одбрана“.
Во август руското Министерство за одбрана одговори на појавата на чувствителни информации во медиумите предлагајќи сите информации за воената одбрана на земјата да се направат доверливи ако веќе не се државна тајна.
Во последните месеци неколку руски академици беа уапсени под сомнение за велепредавство вклучувајќи тројца научници од Централниот истражувачки институт за создавање машини: Виктор Кудријавцев, Роман Ковалев и Сергеј Мерешчиаков.
ФСБ исто така ја водеше истрагата за Иван Сафронов, советник на шефот на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, и поранешен новинар.
Извор: Макфакс